Ракомет
3. October 2015 - 20:50

ЛШ: Металург до втората победа во групата

Ракометарите на Металург ја постигнаа втората победа во рамките на групата Д откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го победија норевшкиот шампион Елверум со 22:19.

По слабото прво полувреме по кое гостите водеа со 12:10, Металург на стартот од вториот дел беше во негатива и од три гола (10:13). На истекот од 40.минута Металург усепа да изедначи 13:13, а десет минути подоцна имаше и предност од три голови разлика.
Во финишот на натпреварот Металург водеше и со 22:17.
Најефикасен кај Металург беше Јанко Божовиќ со 6 голови (4 од 7.метри) иако поради повреда поголемито дел од дуелот не го играше. Одличен на голот беше Даниел Дупјачанец со 11 одбрни, но неколку во клучни моменти.