-->
-->
ЛШ: Кире во најдобриот тим
-->
Десниот бек на Барселона, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е најдобар на својата позиција оваа сеозна во Лигата на шампионите. За изборот за идеалниот тим својот глас на интернет страницата на ЛШ го дале над 80.000 фанови.
Кирил Лазаров, сезоната 2015/2016 во Лигата на шампионите, ја заврши како најдобар стрелец на Барселона и втор во Лигата на шампионите со 109 голови.
Инаку, Барселона нема да ја брани европската титула на завршниот турнир во Келн, кој ќе се игра во сабота и недела, бидејќи го загуби четвртфиналниот двомеч со Кил.
Ол стар тимот за сезоната 2015/2016:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Мануел Штрлек (Кјелце)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Деан Бомбач (ПИК Сегед)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Гаспер Маргуч (Веспрем)
Пикер: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Најдобар дефанзивец: Тимуш Шуч (Веспрем)
Најдобар млад играч: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Најдобар тренер: Хавиер Сабате (Веспрем).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Три туристички рути во Дојран ќе привлекуваат посетители и надвор од летната сезона
-
Преглед на вестите од светот
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба