-->
-->
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-->
Федерико Димарко и Марко Арнаутовиќ денеска тренираа одвоено од соиграчите од Интер и нема да бидат подготвени за утрешното гостување кај Манчестер Сити во првото коло од Лигата на шампиони. Италијанскиот дефанзивец Димарко има мускулен проблем, додека поранешниот австриски репрезентативец Арнаутовиќ се разбудил со висока температура, пишува италијанскиот весник Газета дело спорт.
Сè уште не е јасно дали двојката ќе може да закрепне навреме за неделното дерби од петтото коло во Серија А против Милан.
Екипата на Интер попладнево ќе отпатува за Манчестер, а вечерва тренерот Симоне Инзаги ќе ја одржи официјалната прес-конференција во пресрет на натпреварот со Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците