Ракомет
18. јуни 2022 - 19:55

ЛШ: Финале Кјелце - Барселона

Тимот на Келце е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако во полуфиналниот двобој во „Ланксес Арена“ во Келн славеше против унгарскиот Веспрем со 35-37. Инаку Унгарците беа подобар противник во првиот дел но во вториот противникот успеа да ги среди своите редови и предводен од Морито со 7 и Карачиќ со 5 погодоци дојде до водство од 35-31 што се покажа како недостижно за Веспрем во чии редови се истакна Штрлек со 7 гола. 
Во второто полуфинале Барселона го совлада Кил со 34-30.