-->
-->
ЛШ: Дерби во Мадрид, гостува Баерн
-->
Вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите, носи уште две германски-шпански пресметки, дербито на колото Атлетико-Баерн и дуелот Борусија Менхенгладбах-Барселона.
Атлетико и Баерн по само четири месеци повторно ќе играат на „Винсенте Калдерон“, во мај „јорганџиите“ славеа во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите со 1-0, а потоа иако загубија во реваншот 2-1 се пласираа во финалето.
Атлетико има добар старт во сезоната, иако првите два натпревара ги одигра нерешено, потоа забележа четири победи (три лигата и една во ЛШ и ремизираа кај Барселона). Баерн е максимален од почетокот на сезоната осум победи во исто толку натпревари.
„Имаат примено само два гола на седум одиграни натпревари. Ние сме среќни како стартувавме, но сега нé очекува значително посилен тим. Во наредните 90 минути не смееме да го распродадеме она што го изградивме досега“, рекол Чаби Алонсо, играчот на Баерн.
Атлетико и Чоло Симеоне имаат и добри и лоши сеќавања кога е во прашање тренерот на Баварците Карло Анчелоти. Чоло против италијанскиот тренер има една победа од 4-0, но Анчелоти токму против „јорганџиите“ ја освои титулата во Лигата на шампионите (2014 година).
Група А: Лудогорец-ПСЖ, Арсенал-Базел
Група Б: Бешикташ-Динамо Киев, Наполи-Бенфика
Група Ц: Борусија Менхенгладбах-Барселона, Селтик-Манчестер Сити
Група Д: Атлетико Мадрид-Баерн Минхен, Ростов-ПСВ Ајндховен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов