-->
-->
ЛШ: Четвртфинале за Реал Мадрид и за Баерн
-->
Екипите на Реал Мадрид и на Баерн први изборија пласман во четвртфиналето откако и во реванш дуелите ги совладаа своите конкуренти Наполи и Арсенал. Европскиот шампион Реал Мадрид во реваншот го совлада Наполи со 3:1 и со вкупни 6:2 избори пласман во ТОП 8. Наполи поведе во 24.минута со голот на Дриес Мертенс. Реал изедначи на 1:1 во 52.минута со голот на Серио Рамос, а Мертенс во 57.минута ја затресе и сопствената мрежа за водство на „кралскиот клуб“ од 2:1. Конечните 3:1 ги постави Алваро Мората во 90+1.минута што беше идентично како и на првиот дуел.
Со ист резултат како на првиот дуел заврши и реваншот меѓу Арсенал и Баерн. Германскиот шампион победи со 5:1 или со вкупни 10:2. Арсенал поведе во 20.та минута со голот на Тео Волкот. Капитенот на Арсенал Лорен Кошчиелни во 53.минута доби црвен картон, а потоа почнаа головите за Баерн. Најпрвин во 55.минута од пенал погоди Роберт Левандовски од пенал. Арјен Робен во 68.минута донесе водство за Баерн од 2:1, а Дагалс Коста во 78.минута зголеми на 3:1. Двата гола за победа од 5:1 ги постигна Артуро Видал во 80 и 85.минута.
Вечерва се играат дуелите: Борусија Дортмунд – Бенфика (0:1 прв натпревар) и Барселона – ПСЖ (0:4).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии