-->
-->
ЛШ: Без Кристопанс и Дисингер против Веспрем
-->
Со натпреварот против Веспрем во недела во Скопје завршуваат десетте од предвидените 14 кола во групната фаза во ЕХФ лигата на шампионите. Европскиот првак Вардар и за овој меч има проблеми со составот бидејќи дел од играчите се уште се повредени, а дел во процес на рехабилитација.
Ова ќе биде дуел на екипите што лани во Келн го играат финалето на ЕХФ лигата на шампионите, и тимовите што имаат најмногу титули во СЕХА Газпром лигата. Овојпат фаворитската улога ја препуштаме на гостите, токму поради фактот што во нашиот тим ќе немаме неколку стандардни и пред клучни ракометари.
Средбата Вардар - Веспрем се игра во недела, 1 декември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански".
„ Нема смисол постојано да зборуваме за тоа дека не сме комплетни. Мислам дека оние што се подготвени за игра ќе го покажат најдоброто. Очекувам да го покажат најдоброто од себе и пред наша публика да обезбедиме добар резултат. Натпреварот трае 60 минути, а ние имаме само по еден играч по позиција кој може да игра во одбрана. Ние кога ќе почнеме да правиме некоја ротација ние имаме проблеми. Дисингер и Кристопанс ни испаднаа од игра и не можеме да создадеме 6-0 одбрана. Голманите не се во форма. Можеме да измислиме друга одбрана која има повеќе прекршоци и прекини за помалку шутеви на гол. Тоа не може да се случи преку ноќ. Не можеме да ставиме во одбрана играчи кои не играле во одбрана на таа позиција. Играчите играат максимално и даваат сè од себе, вели Едуард Кокшаров, тренерот на Вардар.
На овој дуел ќе го нема и Кристијан Дисингер кој повредата мораше да ја санира со операција. Вчера беше опериран и неговата рехабилитација ќе трае 4-5 месеци. проблеми има и со повредата на Даинис Криштопанс, па и неговиот настап е речиси неизвесен. Во таква ситуација и со доста недоволно опоравени играчи ќе мораме да играме и да смислиме нова стратегија.
„Ова ни е последен меч оваа полусезона во Лигата на шампионите. Нема веќе што да се зборува за ситуацијата во која се наоѓаме. Ростерот е тој којшто го имаме. Веспрем е апсолутен фаворит и тука нема што да се лажаме. На нас останува да се бориме и да не ја разочараме публиката. Играме со играчите кои ги имаме. Сите играчи влечат повреди од минатото. Не можеме да ја подготвиме одбраната како што посакуваме. Голманите не ни се на ниво, а со тоа и одбраната. Не е вината кај голманите, ние сме тим и сите сме виновни, вели Стојанче Стоилов, капитенот на тимот.
На првиот натпревар сезонава во Унгарија, нашиот ривал победи со 39-30.
На табелата во Б групата Вардар е на 6 место со 9 бода, а Веспрем е второпласиран со 12 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење