Фудбал
20. October 2016 - 8:37

ЛШ: Барселона сигурна во дуелот со М.Сити

Фудбалерите на Барселона ја постигнаа и третата победа во групата од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен го победија премиерлигашот Манчестер Сити со 4:0. Лионел Меси беше стрелец на хет –трик, а четвртиот гол го постигна Нејмар, откако претходно голманот на „граѓаните“ Вили Кабаљеро му одбрани пенал. Барселона имаше предност откако во 53.минута беше исклучен голманот на Манчестер Сити Клаудио Браво и беше заменет со Кабаљеро.
Максимален учинок од групите кои синоќа се играа покрај Барселона има и Атлетико Мадрид.
 
Резултати и табели:
А група: Арсенал – Лудогорец 6:0 и ПСЖ – Базел 3:0.
Табела: Арсенал 7 бодови, ПСЖ 7, Базел 1, Лудогорец 1.
Б група: Наполи – Бешикташ 2:3 и Динамо Киев – Бенфика 0:2.
Табела: Наполи 6, Бешикташ 5, Бенфика 4, Динамо Киев 1.
Ц група: Селтик – Борусија Менхенгладбах 0:2 – Барселона – Манчестер Сити 4:0.
Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 4, Борусија М. 3,Селтик 1. 
Д група: Ростов – Атлетико Мадрид 0:1 и Баерн – ПСВ Ајндховен 4:1.
Табела: Атлетико Мадрид 9, Баерн 6, Ростов 1 , ПСВ Ајндховен 1.
Натпреварите од 4.коло се играат на 1 и на 2.ноември.