-->
-->
ЛШ: Барселона без Меси против Баер
-->
Шампионот на Европа Барселона вечерва во дуелот со Баер Леверкузен ќе се обиде да ја „запише“ првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Барселона на дуелот ќе настапи ослабена по повредата на Лионел Меси, кој неколку недели ќе отсуствува од терените.
Внимание предизвикува и дуелот меѓу Порто и Челзи. Мурињо како менаџер на Порто ја освои европската титула, а сега со својот тим, кој не игра во најдобра форма ќе атакува на втора победа.
Двојки за второто коло:
Е група: Барселона – Баер Леверкузен, БАТЕ Борисов – Рома.
Табела: Баер Л. 3 бодови, Барселона 1, Рома 1, БАТЕ Борисов 0.
Ф група: Баерн – Динамо Загреб, Арсенал – Олимпијакос.
Табела: Баерн 3, Динамо 3агреб 3, Арсенал 0, Олимпијакос 0.
Г група: Макаби Тел Авив – Динамо Киев, Порто – Челзи.
Табела: Челзи 3, Динамо К. 1, Порто 1, Макаби 0.
Х група: Олимпик Лион – Валенсија, Зенит – Гент.
Табела: Зенит 3, Гент 1, Олимпик Лион 1, Валенсија 0.
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.
Утре се играат дуелите од групите од А до Д.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд