Македонија
26. September 2022 - 12:30

Ловците се вклучуваат во борбата со африканската чума

Истражувањата на АХВ и Ветринарниот факултет при УКИМ, покажаа дека главен преносител на болеста африканската свинска чума се дивите свињи. Тие се и природен резервоар на вирусот, кој е исклучително отпорен и може да егистира долг временски период во почвата, па дури и во замрзнатото месо. Покрај еутаназија и депопулација на домашните свињи,  во искоренување на болеста активно се вклучуваат и ловците.

- Од 1-ви септември на територијата на цела држава се спроведува засилен отстрел на дивите свињи - изјави Николче Бабовски - директор на АХВ 

Бидејќи вирусот се шири преку контаминирана облека и самите ловци мора да применуваат биосигурносни мерки.

- Тие што се ловци, а одгледуваат свињи, би ги замолил на лов овој период да заборават или доколку одат на лов, да имаат посебна опрема и најмалку наредните 48 часа да не влегуваат во одгледувалиштето- додаде Бабовски

Од болеста подеднакво страда и домашната и дивата популација. Од откривањето на првиот случај во делчевското село Драмче до сега сe уништени вкупно 3100 свињи во источниот регион.