Лондон ја обвинува руската разузнавачка служба за кибер-напади во светот
Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант ја обвини руската воена разузнавачка служба (ГРУ) дека извршила низа кибер-напади врз политички и спортски институции, компании и медиуми во светот.
– Таквото однесување ја покажува нивната желба да дејствуваат непочитувајќи го меѓународното право и без размислување за последиците како никогаш да нема да бидат казнети, изјави Хант.
– Нашата порака е јасна. Ние и нашите сојузници ќе откриеме и ќе одговориме на обидите на ГРУ да ја наруши меѓународната стабилност.
Според МНР, Британскиот национален центар за кибер-безбедност открил дека ГРУ стојат зад најновите кибер-напади во светот.
– Тие напади погодија државјани на многу земји, меѓу кои и Русија, и тоа ги чинеше државите милиони фунти, додаде тој.
Меѓу нападите е и оној врз американската Демократска партија што беше увод во скандалот за руското мешање во американската претседателска кампања во 2016 година, за кој Вашингтон веќе ја обвини ГРУ.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР