Лондон: Идентификуваниот напаѓач и претходно бил осудуван
Британската полиција го идентификуваше денеска мажот кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.
Напаѓачот е Халид Масуд (52), кој повеќепати е осудуван за извршување на кривични дела, но ниту еднаш за некое дело поврзано со тероризам.
Масуд бил познат по „бројните пресуди“ и живеел во Западен Мидленд, англиски округ, каде полицијата спроведе рација во текот на ноќта.
Тој е роден во Кент, а само краток период живее во централниот дел на Англија, додаде британската полиција.
- Масуд не беше предмет на каква било актуелна истрага и не постоеа претходни разузнавачки податоци за неговата намера да изврши терористички напад, стои во соопштението.
Тој претходно бил осудуван за нанесување тешки телесни повреди, поседување на оружје и загрозување на јавниот ред.
Првпат е осуден во ноември 1983, а последен пат во 2003 година.
Пет лица загинаа, а 40 се повредени во вчерашниот напад во Лондон на мостот Вестминистер во реонот на парламентот. Меѓу нив има еден полицаец, тројца цивили и напаѓачот, кој беше ликвидиран во близина на парламентот.
Претходно, Британската премиерка Тереза Меј изјави дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.
Таа истакна дека напаѓачот е роден во Велика Британија, но неговиот идентитет не се открива се додека не заврши истрагата на Скотланд Јард.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.
Ново на Сител
-
Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина
-
Пријавен случај на подметнување пожар во Делчево
-
Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден