Свет
2. August 2015 - 10:17

Лондон и Париз: Кризата со имигрантите во Кале е европски проблем

Завршувањето на кризата со илјадниците имигранти кои се обидоа да ја пробијат оградата во францускиот град Кале и да пристигнат во Англија не е проблем само на Велика Британија и Франција, туку претставува приоритет и на европско и на меѓународно ниво, се наведува во заедничката изјава на британскиот и францускиот министер за внатрешни работи, Тереза Меј и Бернар Казнев.

- Голем бриој имигранти кои во Кале се обидуваат преку тунелот под Ламанш да стигнат во Велика Британија прво поминале низ Италија, Грција и други земји. Затоа бараме од другите земји-членки на Европската унија и од ЕУ во целост да се фокусираат на самата причина за оваа криза, се потенцира во изјавата на Меј и Казнев.

Тие како долгорочно решение на проблемот предлагаат потенцијалните имигранти да се убведат дека „европските улици не се поплочени со злато“.

Последните недели стотици имигранти се обидоа да ја пробијат оградата и да влезат во Евротунелот и со воз или камион да отпатуваат за Велика Британија. Вои таквите обиди од почетокот на јуни загинаа најмалку десет лица.