Локвенец: Нема да дозволиме ВМРО ДПМНЕ да го блокира влезот во НАТО
„ВМРО ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои директно наштетуваат на државата и на интересите на македонските граѓани.
Додека во Шпанија во тек е последната ратификација на Протоколот за нашето зачленување во НАТО, ВМРО ДПМНЕ со одбивањето да гласа за Законот за одбрана го загрозува тој процес.
Република Северна Македонија е на чекор да стане 30та земја членка на НАТО и со тоа да ја осигура својата стабилност, безбедност, економски развој и сигурна и просперитивна иднина.
Свесното блокирање на Законот за одбрана може да испровоцира ново вето од Грција и со тоа да ја врати државата со децении назад.
Мицкоски и неговите пратеници го кршат Уставот и го кочат остварувањето на повеќедецениската стратешка цел - членството во НАТО.
Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Овој закон обезбедува имплементирање на НАТО стандарди во македонската армија, се воведува колективен систем на одбрана и затоа тој е клучен за нашето зачленување во НАТО.
Затоа ги повкувам пратениците до ВМРО ДПМНЕ да престанат со ситно политиканство и да го поддржат Законот за одбрана, кој е важен за зачленување во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата земја.
Зачленувањето во НАТО и во ЕУ се наша стратешка цел повеќе од 25 години. Граѓаните се определија и ги подржаа овие политики, наспроти политиките на корупција и заштита на криминалот кои ги промовираат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.
Тоа ќе се потврди на 12 април, кога Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ќе доживеат уште еден пораз.
Граѓаните повторно ќе се определат за стабилна, просперитетна и успешна Република Северна Македонија.
Нашата татковина ќе продолжи напред, нема да дозволиме напредокот да биде блокиран или закочен. Казната за однесувањето на ВМРО ДПМНЕ, раководена од Будимпешта доаѓа на 12 април“, кажа Хари Локвенец.
Ново на Сител
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението