Локвенец: Набргу ќе се санираат последиците од несреќата со товарниот воз во Романовце
Дванаесет вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Романовце, штета има и на 250 метри пруга. Стручните екипи ќе работат и за време на празниците за да се оспособи пругата на Коридорот 10, информираше директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Македонија, Хари Локвенец кој изврши увид на местото на несреќата.
Откако ќе се отстранат вагоните ќе се работи на санација на пругата и да продолжи железничкиот сообраќај, што е во прекин по несреќата.
-Најдобриот дел во една ваква несреќа е што нема човечки жртви, но има голема материјална штетата и не само моменталната туку и сета онаа загуба која сите заедно ја претрпуваме и ќе ја претрпуваме заради нефункиоцнирањето за нас многу важниот Коридор 10 од железничката пруга и поврзаност на нашата држава со целиот свет, изјави Локвенец.
Стручна екипа, експерти од Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура ќе оценува која е причината и колкава е материјалната штета од несреќата.
Локвенец вети дека вработените во Македонски железници Инфраструктура ќе работат и за време на празниците и ќе ја оспособат пругата, поради важноста на оваа делница.
Товарниот воз 45702 кој пренесуваше толчаник (камен) за потребите на Македонски Железници Инфраструктура се излизга утрово во 09: 20 часот од Трубарево до Романовце. Излизгани се 12 вагони од композицијата која има вкупно 20.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија