Локални избори во Романија
Над 18 милиони Романци со право на глас денеска треба да се изјаснат за избор на градоначалници и членови на општинските совети.
Изборите се одржуваат во сенка на обвиненијата за корупција против десетици актуелни и поранешни носители на јавни функции, меѓу кои се и некои од кандидатите на денешното гласање.
Според романските медиуми, дури 51 од 109-те актуелни градоначалници на поголемите општини се обвинети или против нив се води истрага за корупција и злоупотреба на функцијата. Меѓу обвинетите за примање мито е и досегашниот градоначалник на Букурешт, Сорин Опреску, како и пет од шестмината градоначалници на општините во романскиот главен град. Двајца од осомничените се кандидати за градоначалници и на денешните избори.
Аналитичарот Раду Магдин оценува дека денешните избори се прв тест за актуелната романска политичка класа по серијата коруптивни афери и големиот трагичен пожар во дискотеката во Букурешт во октомври минатата година, кој доведе до оставка на Владата на премиерот социјалдемократ Виктор Понта и формирање на владин Кабинет составен од независни експерти и технократи,
Магдин оценува дека на денешните избори најмногу гласови ќе освои Социјалдемократската партија (ПСД), што според него, ќе претставува удар за десноцентристичката Национално либерална партија (ПНЛ) и остантите десни партии во пресрет на парламентарните избори предвидени за на есен.
Гласањето ќе трае до 20 часот, а првите резултати се очекуваат доцна вечерва.
Ново на Сител
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени