Локалната власт подготвува проект за подобрување на привлечноста на старата чаршија
Добро е што ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, макар и декларативно, покажува грижа за состојбата со Старата прилепска чаршија. Доколку нивната загриженост беше искрена, во 12-те години практикување локална власт, тие имаа можност да го задржат автентичниот изглед на еден од главните симболи и знаменитости на градот. Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот градоначалник со три последователни мандати, ја доведоа чаршијата до сегашната состојба. Она што опозициската партија, но и граѓаните на општина Прилеп треба да го знаат, е дека актуелната локална власт во соработка со Завод и Музеј Прилеп, го изработуваат основниот проект за подобрување на амбиентот и привлечноста на Старата чаршија. Оттаму, сакаме да ве увериме дека и овој проект, исто како и останатите проекти кои градоначалникот Илија Јованоски ги вети во својата изборна програма, ќе бидат реализирани до крајот на неговиот мандат. Истовремено, ја користиме оваа прилика да ја информираме пошироката јавност, дека во следните денови, преку локалните и националните медиуми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски ќе даде детален извештај за сработеното во првата година од практикување на градоначалничката функција, реагираат од Општина Прилеп.
Ново на Сител
-
Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Трамп: Ќе поднесам оставка доколку моето здравје се влоши за време на функцијата
-
Мицкоски: Илинден е историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес
-
ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм
-
Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август
-
ОЈО поведе постапка за тешка кражба во Скопје