Македонија
6. August 2021 - 18:39

Локализиран пожарот во штипскиот регион

Пожарите во штипскиот регион се локализирани. Пожарникарите кои интервенираа во селото Доброшани веќе се повлечени, вели во изјава за МИА командирот на смена во ТППЕ-Штип, Пане Тимов.

Пожарот започна вчера попладнето од светиниколското село Богословец и во текот на ноќта се рашири во правец кон селото Доброшани, каде што веќе е локализиран. Во селото Богословец изгореја стари куќи, земјоделска механизација, зафатена е голема површина на сува трева и помала пивршина борова шума.