Македонија
18. February 2024 - 14:43

Локализиран пожарот во напуштена куќа во Мичурин

 Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците. 

- Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува Томески, гори нискостеблеста шума. Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен. 

- Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја. Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески.