Локализиран пожарот во Делчевско
Локализиран е пожарот помеѓу делчевските села Разловци и Тработивиште. Повикувајки се на информации од Регионалниот Центар за управување со кризи, портпаролот на Општина Делчево Даниела Такева информираше дека пожарот е изгаснат вчера околу 19:00 часот, а во моментот, како што додава, екипи на Шумско Стопанство ,,Голак” Делчево вршат обиколка на опожареното подрачје, со цел спречување на негово повторно избувнување.
Проценките на Регионалниот центар за управување со кризи се дека е зафатена површина од 40 хектари претежно сува трева, дабова и борова шума, а од Општината најавија дека дополнително ќе се изврши проценка на опожареното подрачје.
Во акцијата за гасење на пожарот вклучени биле над 30 лица, меѓу кои месно население, вработени во ТППЕ Делчево и Шумското стопанство „Голак”, еден пожарникар од Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници како и припадници на граничната полиција „Исток“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ