Локализиран голем пожар кај пречистителната станица за отпадни води во Кочани
Територијалната противпожарна единица од Кочани доцна попладнево локализираше голем полски пожар во атарот на селото Мојанци, што се закануваше да ги зафати и објектите на пречистителната станица за отпадни води.
Во четиричасовното справување со огнената стихија се вклучија шест пожарникари со две возила, поголем број волонтери од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, како и месно население.
-Дојава за пожарот добивме околу пладне и дури по 16 часот, со натчовечки напори, успеавме да го спречиме ширењето на огнот од оризовите површини кон пречистителната станица. Во еден момент пламените јазици практично беа во кругот на станицата, а голема опасност претставуваше тоа што таму се наоѓа и резервоар со метан, што можеше да предизвика катастрофални последици. На одделни места огнот сѐ уште гори, а во гаснењето помогна и дождот што почна да паѓа доцна попладнево, истакна Владо Јефтимов, командир на одделение во ТППЕ – Кочани.
Причина за неконтролираното ширење на огнот е палењето на стрништата во нивите по завршувањето на жетвата на оризот. Поради тоа, од Противпожарната единица ги повикаа земјоделците да прекинат со неодговорното однесување за да се спречат големи материјални штети и загрозувањето на безбедноста на луѓето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација