Loading Video...
Спорт плус
27. July 2021 - 20:02

ЛОИ 2020: Успехот на Георгиевски ја етаблира Македонија на олимписката мапа

Голем спортски ден за Македонија, Репрезентативецот во Таеквондо Дејан Георгиевски денеска блесна на Олимпијадата во Токио и со пласманот во големото финале каде беше поразен од Русинот Ларин освои сребрен медал, најголем успех од осамостојувањето на Македонија. 
.  Членот на Таеквондо клубот Бутел  со денови повторуваше дека во Токио патува по златниот медал и малку недостасуваше ветеното да го исполни.  Но и сребрениот медал е како златен за  Дејан, за тренерскиот тим  и секако за малата Македонија која цели 20 години чекаше медал од олимпијадите по бронзата што ја освои борачот Ибрагимов. 
Мошне тежок ден за нашиот олимпиец, четири борби од кои најтешка првата против Кубанецот Алба. Потоа следуваше пресметката со Сејду Гбане од Брегот на слоновата коска и полуфинлето против претставникот на Јужна Кореја Кјо-Дон ИН еден од најдобрите борци во светот и втор носител на турнирот. 
И по овие тешки борби  Георгиевски храбро влезе во финалната пресметка со Русинот Владислав Ларин кој до финалето беше неприкосновен со само три загубени поени.  Ларин покажа дека е талентиран и искусен борец кој знае да нападне во секој момент и тоа му донесе победа. 
Впечаток е дека доколку финалето беше барем со ден одмор Дејан ќе имаше повеќе сили и концентрација за  завршниот меч во категоријата до 80 килограми. 
Знаеме дека големиот борец  Георгиевски посакуваше и вети злато  и може да го исполни на следните олимписки игри бидејќи времето работи за амбициозен млад човек  како во последните две години кога освојуваше турнири и титули на светските и европските шампионати. 
Македонија е горда што нашиот Македонец по долга пауза се искачи повторно на пиедесталот на најголемото спортско натпреварување што е успех за почит и секако за историја.