Македонија
4. August 2020 - 14:09

Лоцирано телото на исчезнатото дете во водите на Преспанското Езеро

Специјалните нуркачки сили попладнево успеале да го лоцираат телото на малолетникот кој на Илинден се удави во водите на Преспанското Езеро, дознава Сител од свои извори на терен.

Според информации, нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото. Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.

16 годишното момче на Илинден се удави во водите на Преспанското Езеро откако според изјавите на очевидци рипнало од педалинката на која пловело заедно со уште двајца пријатели. Момчето наводно скокнало во водата и никогаш не се појавило на површината. Од тогаш до денеска по него трагаа повеќе граѓани, нуркачи и специјалните сили на полицијата.

До овој момент од МВР се уште немаме официјална потврда на оваа инфорамација.

 

Александар Спасовски