Loading Video...
Фудбал
15. November 2020 - 17:23

ЛН: Македонија ја совлада Естонија за прво место во групата

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со добрите игри во Лигата на нациите и оствари нова победа. На Арената „Тоше Проески“ совладана селекцијата на Естонија со 2-1 со головите на Тричковски и Стојановски.  Единствениот погодок за гостите го постигна Сапинен за израмнување на резултатот на 1-1. 
Самиот меч резултираше со две различни полувремиња. Македонија блескаше во вториот дел кога создаде неколку убави шанси за поубедлива победа но Ристовски, Николов и Дориев не успеаја да се запишаат во листата на стрелците.
Ова е 7-ми натпревар на нашата репрезентација без пораз на меѓународната сцена што е извонреден податок по пласманот на ЕП.