-->
-->
Љупчо Николовски го доби судскиот спор со Христијан Делев
-->
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која судот го одби како несоновано тужбеното барање за клевета на поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев, против заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Од кабинетот на Николовски брифираа дека Основниот граѓански суд Скопје, утврдил дека Николовски не го наклеветил Делев и не постапувал злонамерно кон личноста на тужителот Делев.
-Во судската постапка, е утврдено дека Делев не успеал да ја докаже автентичноста на сите изјави изнесени од Николовски, кои се предмет на тужбеното барање, бидејќи за истите нема релевантни докази како аудио, видео-снимка или транскрипт. Судот утврди дека Николовски, преку своите прес-конференции во улога на дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја вршел својата службена должност и вршел проверка на сомнежите во незаконитоста на работењето на Христијан Делев, во периодот кога тој бил заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на ВМРО ДПМНЕ, појаснуваат од Кабинетот на Николовски.
Спорот се однесува за изнесени наводи од страна на Николовски во периодот на извршување на функцијата дополнителен заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во врска со инволвираноста на Делев во постапките за продажбата на млекарницата „Сведмилк“, ослободување од плаќање на закупнина за „АД Вардар –Градско“ и за „АК Џумајлија“.
-Основниот граѓански суд, ги одби како неосновани наводите на Делев за клевета, а Апелациониот суд ја потврди првостпената пресуда на основниот граѓански суд Скопје, со која судот го одби како несоновано тужбеното барање на тужителот Делев, за утврдување на граѓански одговорност за клевета. Врз основа на оваа пресуда, Делев е задолжен да ги надомести трошоците во судската постапка, брифираат од кабинетот на вицепремиерот.
Според нив, оваа пресуда е доказ дека јавноста има право да ја знае работата на функционерите, на транспарентен начин без искривување на фактите и вистината, што не треба да се поистоветува со клевета и лажни вести.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце