Бизнис
14. December 2016 - 13:59

Љубљанската берза дел од СЕЕ Линкс платформата

Љубљанската берз е втора берза од регионот која се приклучи на СЕЕ Линкс, по неговото формирање од страна на трите берзи основачи-Загребската, Бугарската и Македонската.

Активна членка на СЕЕ Линк, Љубљанска берза е од 8 декември 2016 година, а овозможува  тргување со хартии од вредност од Словенија преку оваа платформа. Според Алеш Ипавец, претседател на УО на Љубљанска берза, прилучувањето на СЕЕ Линк е важен чекон кон поблиска регионална соработка.

- Малите берзи од регионот поединечно не можат да бидат успешни и градењето на силни врски меѓу берзите на ваков начин ќе доведе до создавање на силен и успешен регионален пазар, вели Ипавец.

Со пристапување на Љубљансакта берза, СЕЕ Линк - системот за регионално пренасочување на налозите за тргување сега поддржува тргување на вкупно пет пазари, со пазарна капитализација од повеќе од 38,5 милијарди долари и повеќе од 500 акции со кои може да се тргува.

Неодамна СЕЕ Линк - системот се прилучи и Белградската берза.

Системот има за цел да се зголеми ликвидноста и да се подобри пристапот на инвеститорите и локалните брокери.