Љаиќ и Николовски телфонски разговарале за проблемот со српското брашно
За надминување на проблемот со извозот на српското брашно во Македонија, неопходно е што побргу да се постигне взаемно прифатливо решение, за што координирано ќе работат стручните тимови на двете министерства. Ова го сопштија денеска од кабинетот на српскиот вицепремиер и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, по неговиот телефонски разговор со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Во телефонскиот разговор двајцата министри разговарале за начинот како да се реши проблемот на отежнатиот извоз на брашно од Србија на македонскиот пазар, откако, како што се наведува во соопштението, „Владата во Скопје ја сменила процедурата за увоз и методот на издавање контролни маркици.“
- Министрите Љаиќ и Николовски во разговорт се согласиле дека е неопходно овој проблем да се реши, при што Љаиќ изразил надеж дека проблемот ќе биде решен до крајот на оваа недела, информираат од неговиот кабинет.
Двајцата министри истакнале и дека во интерес на стопанствата на Србија и Македонија, е протокот на стоки, луѓе и услуги да се одвива непречено, како и дека воведувањето какави било нетарифни бариери, мерки и контрамерки ќе има штетно влијание врз размената на стоки меѓу двете земји, која во континуитет расте од година во година.
Ново на Сител
-
Земјоделците ја поздравуваат кампањата за купување македонски земјоделски производи
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021