-->
-->
Ливерпул со пресврт го совлада Стоук
-->
Фудбалерите на Ливерпул со пресврт во второто полувреме славеа победа на гостински терен против Стоук, во дуел од 32.коло на англиската Премиер лига.
Иако домаќините преку Џонатан Волтеср во 44.минута имаа водство од 1-0 по првиот дел, сепак во вториот гостите од Ливерпул постигнаа два гола. Бразилците, Филипе Кутињо (70) и Роберто Фирмињо беа стрелци на головите на Ливерпул за победа од 2-1.
Попладнево ќе се одиграат и средбите: Тотенхем – Ватфорд 4-0, Вест Хем – Свонси 0-1, ВБА – Саутемптон 0-1, Мидлсборо – Барнли 0-0 и Манчестер Сити – Хал 2-1.
Денешната програма ќе биде заокружена со средбата Бурнемут – Челзи.
Утре се среќаваат, Сандерленд - Манчестер Јунајтед и Евертон – Лестер, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Кристал Палас – Арсенал.
Табела: Челзи 72 бода, Тотенхем 68, Ливерпул 63, Манчестер Сити 61, Арсенал 54, Манчестер Јунајтед 54, Евертон 51,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад