Loading Video...
Фудбал
14. May 2021 - 15:48

Ливерпул славеше над Манчестер Јунајтед и остана во трка за 4.место

Екипата на Ливерпул ги задржа шансите за освојување на 4,место во Премиер лигата, а со тоа и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. 
 
Ливерпул славеше на гостувањето на „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунајтед со 4:1, па сега „црвените“ се на само четири бодови од Челзи кој во оваа рунда загуби од Арсенал. 
 
Воедно Ливерпул има одиграно е еден натпревар помалку од лондонскиот клуб, за кого претстојат тешки натпревари и тоа веќе утре против Лестер во  финалето на ФА Купот, а веднаш потоа и првенствениот против истиот противник на домашен терен.