Ливерпул доби забрана за влез во Германија пред мечот со Лајпциг во ЛШ
Фудбалерите на англискиот првак Ливерпул не смеат да влезат во Германија за да го одиграат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Лајпциг, соопшти вечерва германското Министерство за внатрешни работи, образложувајќи ја одлуката со патните ограничувања поврзани со пандемијата со Ковид-19.
Забраната за влез на германската територија од Велика Британија не предвидува „повластен третман за професионалните спортисти“, соопшти портпаролката на Министерството во Берлин.
Германија неодамна ги затвори своите граници за сите патници од Велика Британија поради новиот сој на коронавирус регистриран на Островот.
Конечната одлука каде ќе се одигра натпреварот меѓу Лајпциг и Ливерпул, закажан за 16 февруари, ќе биде донесена во координација меѓу двата клубови и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Доколку патните рестрикции останат на сила и во следните недели, под знак прашалник е и натпреварот во ЛШ меѓу Манчестер сити и Борусија, закажан за 24 февруари во Менхенгладбах.
УЕФА веќе подготви резервен план за ваквите случаи, пролонгирајќи го рокот за одигрување на осминафиналето до 2 април.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови