Ливерпул бара извинување од француската министерка за спорт
Извршниот директор на Ливерпул, Били Хоган побара од француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастер да се извини за нејзините изјави за британските навивачи по финалето на Лигата на шампионите.
– Бевме изненадени кога слушнавме такви коментари во ситуација кога немаше време да разбереме што се случило. Тогаш немаше независна истрага за да се утврдат сите факти. И да се извлечат заклучоци пред крајот на оваа истрага е целосно неприфатливо. Нашите навивачи добија информација од УЕФА дека можат безбедно да одат на стадионот, што и го направија, навреме пристигнаа на арената. Но, веќе по нивното пристигнување на стадионот, започнаа проблемите, изјави Хоган за „Sky Sports“.
Тој додаде дека на почетокот не им верувал на зборовите на францускиот министер за спорт.
– На почетокот не верувавме кога ги слушнавме овие коментари. Претседателот на Ливерпул, Том Вернер, испрати писмо до француската министерка за спорт во кое го изразува нашиот став и бара извинување до нашите навивачи, рече Хоган.
Во понеделникот Удеа-Кастера ја обвини британската страна за немирите пред финалниот натпревар од Лигата на шампионите. Таа изјави дека 2.700 навивачи со оригинални билети не стигнале на натпреварот, бидејќи илјадници други навивачи се обиделе да упаднат на стадионот со лажни билети. Како резултат на тоа, влезот во арената беше затворен.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување