Литванија на самитот на НАТО ќе бара помош за заштита на границата со Белорусија
Литванската Влада планира подобро да ја заштити својата граница со Белорусија за време на Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус.
Вилнус ќе ја повика својата армија за време на Самитот да помогне во заштитата на границите и се надева на дополнителна поддршка од Агенцијата на ЕУ за заштита на границите (Фронтекс).
- Дополнителна заштита ќе помогне да се спречат можните провокации и да се запре евентуалниот зголемен проток на мигранти, изјави литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите по посетата на белоруската граница со шефот на Фронтекс, Ханс Лајтенс.
Таа додаде дека и се разговара и за поддршка на граничното управување со Полска и Летонија, каде во моментов се стационирани 18 офицери на Фронтекс.
Шефот на Фронтекс, Лајтенс не го коментираше можното зголемување на бројот на распореден персонал на Агенцијата на ЕУ за заштита на границите.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица