Литванија ќе гради ограда долж границата со Русија
Литванија планира да изгради ограда долж својата граница кон руската енклава Калињинград, за што од државниот буџет во 2017 година ќе бидат издвоени 3,6 милиони евра, објави литванскиот портал „Леитувос Зинос“.
- Таа сума ќе биде доволна за оградата. Покрај оградата ќе биде псотавен моденизиран систем за гранична контрола, за чие одржување ќе бидат издвојувани средства и во текот на следните години, наведува порталот, повикувајќи се на соопштение на литванското Министертсво за внатрешни работи.
Целта на оградата, кој ќе биде долга 135 километри, според Министерството, е да се спречи прекуграничниот шверц.
Според Министерството, наскоро ќе биде објавен тендер за проектот, а изградбата на оградата ќе почне „штом тоа ќе го дозволат временските услови“.
Реонот на Калињинград се наоѓа меѓу Литванија и Полска и физички е одвоен од останатата територија на Русија. Вкупната должина на границата меѓу Литванија и оваа руска енклава изнесува 225 километри.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење