-->
-->
Литванците најавија нова валута???
-->
Литванскиот кошаркар Јонас Мачијулис е новиот херој на својата земја по извонредно одиграниот меч против Грузија по кој Литванија обезбеди пласман во ¼ финалето.
Мачијулис уфрли 34 поени вклучувајќи ја и тројката што го реши натпреварот со што оствари вкупен индекс од дури 50 што е најдобар учинок од ЕП 2001г кога Дирк Новицки оствари индекс 52.
„Имав добар ден и добро се чувствував“, скромно констатираше 30-годишниот кошаркар од Каунас.
Во Литванија земјата која живее за кошарката , Мачијулис веќе го слават како херој. Паѓаат предлози еврото како валута да се замени со Мчиулитас а најинтересната изјава ја даде еден одушевен навивач:
„Да се вратам дома и да го затекнам Мачијулис како ми спие со жената би го прашал само што сака за појадок“, напиша еден одучевен навивач.
Литванија во ¼ финалето во среда ќе игра против Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат