Ракомет
28. September 2017 - 12:52

Лино во Загреб, Јовиќ на прес

Првиот тренер на македонскиот вицешампион во ракомет Металург Лино Червар поради состанок во Хрватскиот ракометен сојуз денеска беше во Загреб и не беше присутен на пресот на неговиот тим пред дуелот од 3.коло од Лигата на шампионите со португалски Спортинг.

Неговиот помошник Александар Јовиќ на пресот го замени Червар, а од клубот соопштија дека Червар ќе дојде во Скопје во текот на вечерта или утре.