-->
-->
Линдзи Вон најави враќање на скијачките патеки
-->
Американката Линдзи Вон најави дека наскоро би можела да се врати на скијачките патеки.
- Напредувам. Тренингот во супер велеслалом помина добро, така што одам во Европа, напиша на својот Твитер профил поранешната светска шампионка.
Вон се соочуваше со повреди изминатите три сезона. Го пропушти вториот дел од минатата сезона и почетокот на оваа.
Први следни трки од Светскиот куп на програмата се претстојниот викенд во Алтенмарк, Австрија.
Линдзи Вон големиот Кристален глобус во Светскиот куп го освојуваше четири пати – 2008, 2009, 2010 и 2012 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија