Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ турнир во Унгарија, Ивановски во Хрватска
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 во унгарскиот град Секешфехервар. Таа вчера ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2:0, по сетови 6:3 и 6:0.
Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.
Денес за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу.
Победа вчера забележа и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2:0, по сетови 7:6(2) и 6:2.
Денес во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија.
Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола