Лиметс: Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми сигурноста на Балтикот
Влезот на Шведска и Финска во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот, изјави естонската министерка за надворешни работи Ева – Марија Лиметс.
– Кога гледаме дека во нашето соседство и други демократски земји припаѓаат на НАТО, тоа би значело дека може да имаме пошироки заеднички вежби и исто така … поголема одбранбена соработка, истакна таа во Берлин, каде присуствуваше на состанок со колеги од други држави членки на Алијансата.
Лиметс се надева оти Шведска, Финска и Турција ќе ги надминат разликите во мислењата околу влезот на нордиските земји во Алијансата, додавајќи дека атмосферата на состанокот во Берлин била полна со поддршка.
– Видовме некои разлики, но исто така, видовме подготвеност на тие земји да ги надминат разликите, појасни Лиметс.
Естонија го цени тоа што НАТО го зајакнува своето присуство на Балтикот. Но, исто така, таа би сакала сојузниците да почнат да ја зајакнуваат и својата одбрана, а не само присутноста.
– Тоа би значело имање посилно присуство на копнени сили, но и воздушна и поморска одбрана, нагласи министерката.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста