Лила си ја отвори душата - таа прозборе за најтажните моменти од животот
Македонската водителка Лила Филиповска јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, смртта на нејзиниот татко Милан. Таа за порталот „Женски магазин" истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.
„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата", рекла Лила.
Нему му бил дијагностициран рак, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи тешката болест. Лила додала дека татко ѝ Милан починал пред три години од канцер.
„Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно", изјавила Лила.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта