Ликовен перформанс „Слика за градот“ во Кочани
Интерактивен ликовен перформанс „Слика за градот“ во реализација на ликовниот уметник Ивана Младеновска од Скопје, која живее и работи во Рабат, Мароко се одржа синоќа на кејот на Кочанска река во организација на националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани.
Пред очите на јавноста во присуство на голем број љубители на ликовната умнетност Младеновска создаде дело кое како подарок ќе остане на градот Кочани.
- Проектот е дел од нашата годишна програма на Ликовното студио при центарот, а е финансиски поддржан од Министерството за култура за оваа година, изјави Александра Димитрова, раковдител на Ликовниот салон при Центарот.
Делото на Ивана Младеновска ќе биде сместено во фоајето на Центарот за култура во Кочани и е почеток на иницијативата за создавање на ликовна галерија во градот на оризот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори