Лига куп: Челзи обезбеди финале со Сити
Челси е вториот финалист на англискиот Лига куп (Карабао куп), откако на пенали го совлада Тотенхем во реваншот од полуфиналето. Регуларниот дел заврши 2:1 за Челси, што заедно со 1:0 за Тотенхем во првиот меч значеше директно изведување на пенали без продолженија.
„Сините“ го почнаа мечот посилно и во првото полувреме направија предност од 2:0, преку Н’Голо Канте во 27. минута и Еден Азар 11 минути подоцна, но Тотенхем, кој имаше слабо прво полувреме, се врати со одличниот гол на Фернандо Љоренте во 50. минута. Челси доминираше со шансите, вклучувајќи одлична на Оливие Жиру во последните минути од мечот, но не успеа да го добие во регуларниот дел.
Во пенал-серијата, сите четири фудбалери на Челси беа прецизни, додека Ерик Ламела и Лукас ги промашија своите обиди праќајќи го Челси во финалето, каде што ќе се судри со Манчестер сити, кои вчера со 1:0 и вкупни 10:0 го елиминираа најголемото изненадување, третолигашот Бартон.
Ново на Сител
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува
-
Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати