Фудбал
21. September 2016 - 9:24

Лига куп: Челзи го елиминира шампионот Лестер

Сите фаворити, исклучок е Евертон, го минаа третото коло во англискиот Лига куп. Евертон на домашен терен загуби од Норвич 0-2, убедливи триумфи забележаа Арсенал и Ливерпул, а Челзи го мина Лестер дури по продолженијата.
 
Иако со комбинирани состави, Лестер и Челзи одиграа извонреден натпревар. Домаќинот Лестер имаше 2-0, со головите на Оказаки во 17-та и 34-та минута, но Челзи најпрвин намали преку Кејхил во последниот напад во првиот дел, а во 49-та минута израмни Аспиликуета.
 
До крајот на регуларниот дел Диего Коста пропушти три одлични шанси, а Муса имаше една за Лестер.
 
Домаќинот, во 90-та минута остана со играч помалку, поради црвениот картон на Василевски, а Челзи во продолженијата за четири минути го реши победникот.
 
Двоен стрелец беше Фабрегас во 92-та и 94-та минута.
 
Ливерпул му гостуваше на Дерби Каунти и победи 3-0, а Арсенал во Нотингем славеше со 4-0.
 
Резултати:
 
Ботнмут-Престон 2:3
 
Дерби каунти-Ливерпул 0:3
 
Нотингем Форест-Арсенал 0:4
 
Брајтон-Ридинг 1:2
 
Евертон-Норвич 0:2
 
Лид-Блекбурн 1:0
 
Њукасл-Вулверхемптон 2:0
 
Лестер-Челзи 2:4.