-->
-->
Лидс се договори со играч на Баерн
-->
Дебитантот во англиската Премиер лига, Лидс Јунајтед е пред финализирање на зделката за играчот за врска на Баерн (Минхен), Мишел Куисанс, пренесе новинарот Фабрицио Романо.
Дваесет и едно-годишниот играч за врска ќе потпише договор до летото 2025 година, а за неговите права англискиот клуб ќе плати околу 20 милиони фунти. Баерн Минхен ќе има опција да го откупи играчот назад.
Куисанс го напушта Баерн по само една година во тимот, откако се надева на поголема минутажа. Според Романо, Французинот имал понуда од друг клуб во Премиер лигата, но тој ја претпочитал понудата на Лидс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба