Loading Video...
Фудбал
10. April 2021 - 17:44

Лидс и Алијоски славеа на гостувањето кај Манчестер Сити

 
 
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот натпревар за својата екипа Лидс која на гостувањето кај Манчестер Сити славеше победа со 2:1. 
 
Гостите одиграат одличен натпревар против лидерот на табелата, меч во кој Далас постигна два гола, а Лидс средбата ја заврши со играч помалку. 
 
Во финишот на првиот дел односно 42-минута Далас го постигна својот прв гол за водство од 1:0 на гостите, кои само три минути подоцна останаа без исклучениот Купер кој поради неспортски фаул доби директен црвен картон. 
 
Домаќините го искористија тоа и во 76-минута преку Феран Торес го израмнија резултатот. 
 
Но Лидс не се повлече, напротив во самиот финиш на мечот односно 90-тата минута одново Далас го беше ефикасен и му донесе победа на својот тим.