Лидерот на романската владејачка партија под нова истрага за корупција
Романската Канцеларија за борба против корупцијата соопшти дека отворила нова истрага против лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), Ливиу Драгнеа, под сомнеж за проневера на средства од ЕУ.
Обвинителството соопшти дека Драгнеа е осомничен за формирање организирана криминална група и фалсификување документи за илегално повлекување средства од европски фондови.За истиот случај биле испитувани повеќе од осум лица.
Иако раководи со ПСД, Драгнеа не можеше да стане романски премиер поради пресудата за изборна измама.
Најновите обвиненија се однесуваат на средствата од еврофондовите земени во периодот од 2001 до 2012 година, кога Драгнеа го предводеше Советот на округот Телеорман во јужна Романија.
Во јануари неговата Социјалдемократска партија се обиде да ги декриминализира некои случаи на злоупотреба на службената должност, предизвикувајќи најголеми протести во земјата по оадот од власта на Николае Чаушеску.
Во октомври партијата достави предлог-законот за судски реформи во Парламентот.
Ново на Сител
-
Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром
-
Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-
ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона
-
НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“
-
РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале
-
Трамп: САД се многу близу до постигнување нуклеарен договор со Иран
-
Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“
-
Најмногу дожд во Прилеп, времето денеска променливо облачно со сончеви периоди