Свет
24. January 2017 - 8:29

Лидерот на Хамас во посета на Египет

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија пристигна во Египет на средби со официјални лица од сферата на безбедноста. Тоа е прва посета на лидер на вооружената палестинска група откако во 2013 година армијата го собори од власт тогашниот египетски претседател, потврдија од Хамас и од египетска страна.

Исламистички Хамас кој има врски со египетската организација Муслиманско братство, поддржуваше односи со претседателот Мохамед Морси кој беше соборен од армијата по една година на власт.

Претходно, египетската Влада ја засили израелско-египетската блокада врз Појасот Газа, раководена од Хамас, но во изминатите месеци има признаци на подобрување на односите.