Loading Video...
Свет
3. јуни 2021 - 12:21

Лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет ќе биде нов премиер на Израел

Лидерот на десничарската партија Јамина, Нафтали Бенет ќе биде нов премиер на Израел со што се прекинува 12 годишното владеење на партијата на сега веќе екс премиерот Бењамин Нетањаху. Јаир Лапид, лидерот на партијата Јеш Атид, објави дека коалицијата ќе ја сочинуваат дури осум партии.

Договорот предвидува премиерот бенет да му ја предаде функцијата на Лапид во август 2023 година. Лапид изјави дека веќе го информирал претседателот на Израел, Реувен Равлин, дека постигнале договор за коалиција, во која влегува и партијата на израелските Арапи, Рам. Партијата на Нетанјаху освои најмногу пратенички места на изборите во март, но не успеа да формира влада.

Новиот премиер, 49-годишниот милионер Бенет, претходно водеше пет различни министерства во владите на Нетањаху.