Свет
2. November 2017 - 23:01

Лидерката на исландската опозиција доби мандат да состави влада

Претседателот на Исланд Гудни Јоханесон денеска на лидерката на социјалистичкото Движење леви зелени, Катрин Јакобсдотир и дидели мандат за составување нова исландска влада, иако нејзината партија беше на второ место на изборите во саботата.

На изборите победи конзервативната Партијата на независноста на актуелниот премиер Барни Бенедиктсон, но тој не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.

Движењето леви зелени може да собере мнозинство со поддршка на Социјалдемократската алијанса, Прогресивната партија и Пиратската партија.

Јакобсдотир меѓутоа најави дека може да се обиде да состави влада на широка коалиција.