Лидерите на ЕУ подготвија програма за ограничување на миграцискиот бран
Лидерите на Европската унија договорија програма од 10 точки за ограничување на миграцискиот бран кон Европа преку Средоземното Море, јави ДПА.
Програмата вклучува засилување на помошта за либиските власти поточно за либиската крајбрежна стража со цел пресекување на миграцискиот бран, како и финансиска помош за создавање на безбедни кампови за бегалците во земјата. Самите кампови ќе бидат администрирани од либиската Влада, што е поддржана од Обединетите нации.
Вчера, конкретен договор за тоа прашање потпишаа премиерот на Италија Паоло Џентилони и либискиот премиер Фајез ал Сараџ.
ЕУ исто така ќе помага за добороволна репатријација на бегалците кои сакаат да се вратат во нивните земји, и ќе соработува со соседните земји на Либија за подобра контрола на водните патишта.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња