Свет
17. May 2018 - 9:34

Лидерите на ЕУ единствени за иранскиот нуклеарен договор и за меѓународната трговија

Лидерите од држави од Европската унија кои се собраа на работна вечера синоќа во Софија се единствени во заедничкиот одговор на „каприциозното однесување“ на претседателот Доналд Трамп за теми на иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија. Работната вечера што траеше повеќе од три часа не заврши со официјални одлуки.

Лидерите се согласија дека „ЕУ ќе продолжи да се бори за меѓународниот систем заснован на правила и покрај неодамнешните одлуки за климата, царините и за Иран“, изјави европски дипломат.

– Денес сме сведоци на нова појава – каприциозно однесување на американската администрација. Според последните одлуки, претседателот Трамп  е склон да си каже дека со такви пријатели нема потреба од непријатели, изјави пред рабоната вечера претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Според европскиот дипломат, ЕУ ќе продолжи со подршка за договорот се додека Иран го почитува и ќе работат за заштита на европски фирми кои се погодени од американската одлука